Search
Search

МВР: Слободни термини за закажување лични документи тек во декември

Системот на Министерството за внатрешни работи, веб страницата на МВР и броевите достапни за закажување термини за вадење лични документи  се преполни. Слободен термин според МВР има дури во декември. Сузана Прањиќ Талевска државен советник во МВР за градска редакција вели дека системот за закажување за лични документи го одржуваат приватни оператори, но тие 12 оператори кои се јавуваат на телефонските линии се преполни со јавувања од граѓани.

„Ако денес се обидувате да закажете термин за вадење личен документ системот ќе ви даде слободен термин тек во декември, има премногу гужва, 12 оператори на телефонските линии достапни за граѓаните се нон стоп зафатени„ вели за Градска редакција Сузана Прањиќ Талевска државен советник во МВР.

Според Талевска секоја година ова време во лето кога доаѓаат иселениците има преоптоварување на работата на службите на МВР за вадење лични документи.

„Секоја година кога доаѓаат иселениците, од пролет до есен има гужва во секторите кои ги обработуваат личните документи, дополнително ова година се преоптоварува  и со рокот кој е до февруари за промена на личните документи поради промената на името од Република Македонија во Република Северна Македонија„вели Талевска државен советник во МВР.

Граѓаните на социјалните мрежи нон стоп се жалат дека никој не крева во броевите за закажување термини, според Трпевска тоа е поради тоа што има премногу јавувања за закажување и операторите н не се во можност да им одговараат на сите.

Н.Ш

АКТУЕЛНО