Фото: За почиста Македонија / Фејсбук

Не барајте човек за пример, бидете примерот -Волонтери го исчистија Скопскиот аквадукт

Културниот центар „Лабораториум“ и организацијата „За почиста Македонија“ по повод  Денот на планетата Земја организираа еко-акција за чистење на Скопскиот аквадукт.

Фото: За почиста Македонија / Фејсбук
Фото: За почиста Македонија / Фејсбук
Фото: За почиста Македонија / Фејсбук

 

„Прекрасна понеделничка акција кај аквадуктот. Дождот од претходниот ден се повлече и дозволи да се соберат преубави ентузијастични луѓе кои за 2 саата го претворија аквадуктот од депонија во рај и наполнија не еден, туку два камиона до горе со сѐ и сешто од ситно ѓубре, како пластични шишиња, до огромни и тешки гуми, теписи, вц шољи и разни други чудни ствари“, соопштија од „За почиста Македонија“ преку социјалните мрежи.

 

Фото: За почиста Македонија / Фејсбук

Од таму посочуваат дека сите вклучени во акцијата не чистеле само за да биде почисто, туку за да инспирираат и мотивираме што повеќе луѓе да се грижат за нивната околина и да бидат активни во нејзиното сочувување.

„Не барајте човек за пример. Бидете примерот!“, велат тие.

Фото: За почиста Македонија / Фејсбук 

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави