Невреме го погоди Кавадарци

Силно невреме со пороен дожд и грмежи вчера попладнето ги зафати Кавадарци и околината, каде во последните денови исто така имаше слични нестабилности кои предизвикаа проблеми во сообраќајот, но затнаа и дел од градскиот колектор.

– Од синоќа се излезени екипи на ЈП „Комуналец” со механизација од три скипови, два камиона, три трактори и 20  работници. Се расчистува наносот, наталожените решетки и сливници и со три цистерни се перат улиците од калта. Исто со свои екипи учествуваат и ТППЕ Кавадарци, кои помагаат во перењето на улиците и испумпувањето на водата од поплавените простории, изјавија од јавното претпријатие „Комуналец“.

Градоначалникот на Кавадарци, Митко Јанчев, на својот фејсбук-профил објави дека и покрај интензивните врнежи од дожд кои го зафатија градот екипите на Јавното претпријатие „Комуналец“ се излезени на терен во повеќе населени места во Тиквешијата на кои постои опасност од одрони.

АКТУЕЛНО