Search
Search

Од каде е бродското сидро на кејот на Вардар?

Сигурно многумина го имаат забележано сидрото во центарот на Скопје, но дали сте се запрашале каква е неговата историја?

Се работи за котва која е остаток од брод кој го носел името на нашиот град. Бродот „Скопје”, кој спаѓал во класата полутоварни бродови со носивост до 10.000 тони, пловел со години по сите светски мориња.

Бродот Скопје бил изграден во 1948 година во Ријека, кога конечно 1984 бил целосно амортизиран, се вратил дома до Ријека на сечење и топење, а котвата симболично била испратена во градот кој го носи истото име.

 

 

АКТУЕЛНО