Search
Search

Од понеделник до Божиќ забава за скопјани на градскиот плоштад

Во екот на предновогодишните настани и случувања, Комора на музичка индустрија, во соработка со Град Скопје подготвуваат поинакво празнично доживување за сите генерации. Од понеделник, 25 декември започнува празничниот базар на Плоштад Македонија кој ќе трае до Божиќ, што значи 14-дневна забава исполнета со богата музичка програма, разновидни активности, детски новогодишни претстави и многу празнични дарувања.

Раководството на Комора на музичка индустрија, како што информираат оттаму  овозможува музичка програма за сечиј вкус, од најпопуларните изведувачи меѓу помладата публика, до македонските музички ветерани. Во понеделник  празничниот базар ќе се отвори со настапот на младите музичари од „Дајте музика“, а забавата ќе продолжи со музиката на бендот Брастет Скопје, а атмосферата ќе ја вжештат Игор Џамбазов и Гуру Харе Бенд.

Во текот на празничниот базар свои настапи ќе имаат многу македонски изведувачи и групи, а за забавата за дочекот на Новата 2024 година, на Плоштад Македонија ќе настапуваат Тин Камп, Лејдис Оркестра, Пауза за ракија, Тринити Стрингс, Слаткар, Дарио, Мерак Меана со Сузана Гавазова, Влатко Миладиновски, Стојне Николова, Блага Петреска и Душко Георгиевски.

Дел од празничната програма се и многу детски претстави, меѓу кои и претставата „Исполнета желба” од Театар за деца и младинци, детската шоу програма Биби и Боби, настапот на 300 деца од Еурека и Брејк а лег, детски маскоти, сликање со дедо мраз и делење подароци.

Низ празничниот базар водители ќе бидат Лила Филиповска, Марјана Станојковска, Јана Бурческа, Димитар Атанасовски, Ненад Ѓорѓиевски и Марко Новески.

 

АКТУЕЛНО