Search
Search
Фото/Градска редакција

Од Скопје до најгламурозните модни куќи во Париз, интервју со светскиот дизајнер Изет Цури

Роден во Скопје во големо  единаесетчлено семејство, од 14 години го негува занаетот за шиење  кај старите мајстори  во градот, од тогаш со голема визија за иднината, тоа е накратко животната биографија на светскиот моден дизајнер 75 годишниот Изет Цури.

Откако дознал за својот талент целта му бил Париз и големите светски модни куќи, тоа и го постигнал. Изет Цури, 52 години ги поминал како моден дизајнер и креатор во лулката на модата, а работел многу за да  ја оствари својата желба. Тој беше и е дел од најдобрите моделисти и модни дизајнери во Франција, кај него се облекувале многу светски актери, ѕвезди и светски уметници како Изабела Аџани, Жерар Депардје,  Кристофер Ламберд, Мајкл Даглас, Оренал Мути, Шон Конери, Синди Крафорд, Наоми  Кембел и многу други.

Фото/Градска редакција

Најголемиот спектакл, модна ревија  ја направил во Скопје во 1983 година кои беа големи ревии со 60 манекенки од Франција и Југославија, две ревии се одржале во Универзална Сала и една приватна ревија во Хотел Континентал, и тоа само да и докаже на неговата мајка што правам јас во Парис.

Цури сакал да и се заблагодари на својата земја, и отворил Институт за мода во Скопје пред осум години, каде досега дипломирале над 100 студенти. Ист институт отворил и во Приштина.

На 30-ти јуни ова година во просторот на НОБ, беа прикажани четириесет креации на гламурозната модна ревија, кои беа подготвени од студентите од сите студентски години и од веќе етаблирани завршени студенти и од самите професори. Ревијата беше организирана во чест на фрабцускиот дизајнер Тјери Муглер – Омаж на Тјери Муглер.

.

Градска редакција: Како Изет Цури стигна од Скопје до најголемите модни куќи во Париз?

„ Јас потекнувам од големо семејство, со девет деца, татко ми почина кога јас имав 14 години, и мојата мајка тогаш го зазема целиот товар за да не воспитува и да ни одредува кој што ќе работи, не носеше и во училиште и на занает. Всушност таа одлучи јас да станам кројач, сигурно видела кај мене некој талент. Кога почнав да одам на занает, во шеесеттите години кај мојот мајстор Цале, таму доаѓаа познати личности како актери, пејачи и рокери и им шиевме костуми, а јас станав свесен за мојот талент. Во тоа време на мојата мајка и реков дека сакам да живеам во Париз, и дека таму најдобрро ќе се откријам себеси, вели тој во интервју за Градска.мк

Градска редакција: Како и кога започна Институтот за мода  „Изет Цури„ која е поставена на срцето во Старата скопска чаршија?

„Сега сме осмата година од кога сме сместени овде во овој објект, и ако ни беа нудени повеќе објекти низ градот но ние одлучивме да се сместиме во чаршијата за тоа што тука  има се, сите работи кои нам ни се потребни, чаршијата е место на модата според мене, сега имаме 34 студенти, од прва  до четврта година, но бидејќи немаме голем простор не можеме да примаме повеќе студенти и ако интересот е многу голем, ние имаме студенти од различни земји, како од Австрија, Швајцарија, Србија, и други наши градови, но интересно е што најмалку имаме студенти од Скопје„

Фото/Градска редакција

Градска редакција: Која модна ревија која си ја направил ти оставила најмногу впечаток?

„Сакав да и го направам ќефот на мајка ми и најголемиот спектакл, е модната ревија која ја направив во Скопје во 1983 година, на која имаше и  60 манекенки од Франција и Југославија, две ревии се одржале во Универзална Сала и една приватна ревија во Хотел Континентал, и тоа само да кажам на мајка ми што правам јас во Париз. Сепак мојата мајка не дојде на моите ревии, се што дознала е од телевизиите, списанијата или весниците, таа никогаш не сакаше јас да живеам во Париз и ми велеше : Зошто кога ги имаш тика сите услови – затоа сега сум тука и инвестирам во мојата земја и на овој начин да се оправдам пред мојата мајка. вели тој.

Градска редакција

Градска редакција: Како одлучи да се преселиш во Париз и таму да го негуваш твојот занает?

„ Во тоа време немавме списанија, или модни библиотеки, тогаш немаше толку можности,  и јас со еден другар кој се вика Томе Малиновски имавме и еден од првите  бутици кој беше и кројачки салон  во тогашната улица ЈНА, кој го именувавме по филмот Бони и Клајд, но тогашната југословенска полиција ни го сруши излогот бидејќи беше напишано на латиница, и тоа ни го расипа ќефот, па така мојот другар Томе ми рече ти оди во Париз види што има таму да купам некое списанија или некоја книга за мода и од тогаш кога видов одлучив дека ова е мојата иднина„

Фото/Градска редакција

Градска редакција: Според  вас, кои работи се најголеми што си ги направил во Париз?

„Многу се, имав среќа или шанса, како некој да ми даде некаква невообичаена сила, нешто апстрактно која ме диктираше мене, имав многу брзи успеси во Франција, во најголемите луксузни светски модни куќи , таму нормално идеа познати личности, јас таму бев како некое егзотично овошје, млад кој доаѓа од Балканот и да оди во Парис и да соли памет. Но сепак направив многу пријатели од шоу бизот како што се големи Изабела Аџани, Жерар Депардје,  Кристофер Ламберд, Мајкл Даглас, Оренал Мути, Шон Конери, Синди Крафорд Ноеми и многу други„

Градска редакција: Може да ни направиш споредба со стилот на облекувањето на светските ѕвезди и нашите јавни личности?

„ Сега нема разлика, пример нема разлика меѓу вас како новинар и еден новинар во Парис, или Нју Јорк, сега информациите се исти, не  е како во нашето време кога немавме многу информации за животот надвор, сега нема разлика воопшто„

Градска редакција: Колку во нашата земја луѓето сакат да ја работат ова работа, да бидат  модни дизајнери, па и кројач?

„Кај нас ова работа има голема традиција , ако гледате во секое семејство баба или некоја тетка сигурно била шивачка, порано не се купило многу се се правело само. Ние имаме традиција, порано знаеле да шијат и  да везат, но тоа не се поддржувало за да опстане како традиција.Тоа е убаво бидејќи секаде во светот се вреднуваат рачните изработки тоа е капитал и едукација. Сега многумина не сакат да го работат занаетот бидејќи немаат и државна поддршка. Има уште нешто, јас колку што знам најголема индустрија во Македонија е текстилот, и кога е вака не може да немаме кадри за да се занимава со та индустрија„

Фото/Градска редакција

Градска редакција: Какви услови треба да исполни еден кандидат за да биде дел овој институт на мода?

„Па прво треба да биде пасиониран и да сага да работи, овие се првите услови. Се јавуваат многу студенти.  Во интервјуата кои ги правиме во почетокот ги бираме тие лица кои навистина ја сакаат ова работа, не тие кои ќе велат; еве ние плаќаме и да земе само диплома. Ова не универзитет ова една занаетчиска школа која работи со француски методи , педесет проценти е факултет и педесет проценти е модна куќа, тука тоа што се црта мора да се реализира. Од наши студенти имаме кои сега работат во големи  светски модни куќи  во Парис, како Диор, Живонш, или Алаја„

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО