Паркирај така да остане место и за друг – Совети како да се паркирате одговорно

Неправилното паркирање е причина за голем број сообраќајни незгоди во кои страдаат децата, пешаците и велосипедистите. Затоа, Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата (РСБСП) потсетува дека возачот, односно сопственикот на возилото не смее да запре или паркира возило:

– на обележан пешачки премин, како и на премин на велосипедска патека преку коловозот и на оддалеченост помала од 10 метри од тие премини,

– на крстосница и на оддалеченост помала од 10 метри од најблискиот раб на напречниот коловоз,

– на мостови, во подвозници, на надвозници како и на растојание помало од 15 метри од мостови, тунели, подвозници и надвозници,

– на место на кое возилото би го засолнувало поставениот сообраќаен знак или уредот за давање светлосни сообраќајни знаци,

– на велосипедска патека, односно лента,

– на тротоар, односно пешачка патека,

– на дел од јавен пат, односно на оддалеченост помала од 15 метри од премин на патот преку железничка пруга во исто ниво,

– на дел од коловозот, кој како стојалиште за возила на јавниот сообраќај е обележан со ознаки на коловозот,

– на оддалеченост помала од 15 метри пред и зад знакот со кој е обележано стојалиште за возилата за јавен сообраќај,

– на место каде паркираното возило би го оневозможило пристапот на друго возило, заради паркирање или излегување на веќе паркирано возило,

– пред влез во објект, двор или гаража,

– на хортикултурно уредени зелени површини, градски зеленила и паркови,

– на места предвидени за движење и паркирање на возилата на лица со посебни потреби,

– на паркинг место кое со дополнителна табла, сообраќаен знак или ознака на коловозот е обележано место за паркирање на возила за лица со посебни потреби, и др.

РСБСП апелира: Покажете грижа за безбедноста на децата, пешаците, велосипедистите, лицата со посебни потреби и другите учесници во сообраќајот. Паркирајте совесно и одговорно!

АКТУЕЛНО

Поврзани објави