Вчерашното пукање во Чешка на плоштадот Јан Плач на филозофскиот факултет на Карловиот универзитет го шокираше светот. Последните информиции кажуваат дека загинати се 15 лица меѓу кои и напаѓачот, а 24 се повредени.
По тој повод чешкиот премиер Петр Фијала соопшти дека владата донела одлука со кој 23 декември ( сабота) да биде Ден на национална жалост поради пукањето на Карловиот универзитет.
-Владата донесе заклучок во кој изразува длабоко сочувство до семејствата на жртвите и со едноминутно молчење на почетокот на владината седница им оддаде почит на жртвите од престрелката, рече Фијала синоќа, пренесен од чешките медиуми.
Премиерот ги повика граѓаните на Чешка на 23 декември во 12 часот со едноминутно молчење да им оддадат почит на жртвите, додавајќи дека во тоа време ќе бијат и црковните ѕвона низ целата земја.