Search
Search

Повторно гужви на границата со Грција

Гужвите на македонско-грчката граница, односно преминот „Богородица“ станаа постојана слика за време на викендите. Стотици автомобили, долги колони, кои чекаат на четири ленти е сликата и од овој викенд. Според АМСМ се чека од 15 до 20 минути за да се помине границата. Во пракса, според возачите, тоа е и до 40-50 минути стоење во место.

Од утрово, помали гужви има и на граничниот премин во Дојран за Грција. Според информациите од АМСМ таму се чека по десетина минути. На другите гранични премини нема задржувања.

Најголем дел од автомобилите на граничниот премин „Богородица“ кои чекаат да поминат граница се со македонски и српски туристи. Чекањето во место предизвикува нервоза кај патниците. Тие посочуваат дека оваа слика се повторува од година во година – а решение нема.

АКТУЕЛНО