Search
Search

Пожарникарите во потрага по змии во Тетово

Не само скопјани, се повеќе граѓани и на општина Тетово и руралните средини имаат проблеми со влекачи, кои се појавуваат во станбени згради, дворови, возила и сл. Ова предизвикува паника и страв кај граѓаните кои во овие случаи бараат помош од противпожарната служба во Тетово.Противпожарната единица во Тетово во текот на изминатата година интервенирала во 20 случаи кога влекачи, главно змии, се тргнати или од станбените објекти, деловните простории или возилата. Годинава има помалку случаи на интервенции во однос на лани, велат од противпожарната служба во Тетово.

„Минатата година имавме околу 20 случаи на интервенции со влекачи, отстранети се од куќи, автомобили, и од различни места. Затоа, прва адреса на која се јавуваат граѓаните е противпожарната служба. Годинава имавме неколку случаи каде интервениравме во отстранување на влекачи, главно змии. Но, со пораст на температурите ќе има и пораст на овие случаи“, вели Авни Амети, раководител на противпожарната единица во Тетово.

Иако во рамките на противпожарната единица во Тетово нема специјализирана единица за интервенции во овие случаи, сепак имаат одредена опрема со која интервенираат и им доаѓаат на помош на граѓаните, но недостига обука на персоналот.

„Имаме соодветни средства за да се прават интервенции, но потребна е дополнителна обука од ваков карактер бидејќи се знае дека во овие делови има влекачи кои се отровни, затоа ни треба обука на припадниците на противпожарната бригада. Недостига обука, но излегуваме и на терен кога добиваме повици, иако нема соодветна регулатива како да постапиме“, изјави Ахмети.

Лекарите подвлекуваат дека во последните години се намалени случаите на каснување граѓани од влекачи. Од хируршкото одделение го потенцираат фактот дека граѓаните се повнимателни во последната деценија, но препорачуваат да побараат лекарска помош, но приоритет е да не се паничи. Од страна на противпожарната служба апелираат во вакви случаи веднаш да ја известат противпожарната служба и да не ризикуваат да ги отстранат влекачите.

„Апелираме до граѓаните кога ќе наидат на влекачи веднаш да се јават во нашата единица и да не се обидуваат сами да ги отстранат бидејќи може да им го загрозат животот, па иако тоа не е дел од нашата дејност, сепак ја нудиме оваа услуга за нашите граѓани, рече Ахмети.

Н. А. 

Извор: Коха

АКТУЕЛНО