Search
Search

Продолжува акцијата на МВР, приведен дрвокрадец во скопска „Црна Гора„

Кај место викано „Две Реки“ на Скопска Црна Гора, вчера во 18.40 часот полициски службеници од Полициската станица за граничен надзор Танушевци при Регионалниот центар за гранични работи Север, во содејство со полициски службеници од Полициското одделение Мирковци, го лишиле од слобода С.А.(47) од село Брест, општина Чучер Сандево.

Како што денеска информираа од МВР, на наведеното место тој бил затекнат во непосредна близина на товарно возило „мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки и товарно возило „фиат“ со скопски регистарски ознаки, кои биле натоварени со огревно дрво без жиг и без соодветна документација за транспорт.

За настанот било известено Јавното претпријатие „Национални шуми“, а лицето и возилата биле предадени во Полициското одделение Мирковци за понатамошна постапка. По целосно документирање на случајот, против С.А. ќе биде поднесена соодветна пријава. 

АКТУЕЛНО