Search
Search
Фото/Градска редакција

Ризична дупка среде раскрсница во Скопје

Раскрсницата кај пластичарската улица (Булевар Никола Карев)  со години е вистинска главоболка за возачите кои одредуваат да поминуваат на oваа раскрсница. Ги поврзува Топанско поле (Улица Македонска Косовска Бригада) со населбата Дуќанџик (Улицата Славеј Планина)  и пластичарската која води накај касарната Илинден.  Во последно време на самата шахта среде раскрсница се појави дупка , поради ова возачите и автомобилите  се продложени на ризик .

Фото/Градска Редакција

Деновиве за ова дупка која е невозможно да се помине со кола, граѓаните објавија фотографии на различни  профили, тие пишуваа дека само за еден ден на седум возила им пукнале гумите, а мотор избегнувајќи ја дупката налета на возило. Тие ги повика градските институции што побргу да се санира ова дупка за да не се случи некоја трагедија.

Поради ризикот, некој граѓанин ставил употребени гуми и ознака дека се работи на градежен зафат за од порано возачите да ја приметат дупката.

Фото/Градска редакција
Фото/Градска редакција

Н.Ш

АКТУЕЛНО