Фото/Градска редакција

Среде Скопје градежни работници „гинат“ без никаква заштитна опрема

Koј мисли за безбедноста на овие работници? Мислат и тие самите за нивната безбедност, кои работат на комплексот „Гранд“ која почна со изградба пред неколку месеци.   Среде центарот на Скопје, спроти „Холидеј-Ин“ десетина градежни работници се гледаат како работат, без никаква заштита, ни соодветна облека ни заштитен шлем.

Фото/Градска редакција

Според првичните информации изградбата на трите 20-катници спроти хотелот „Холидеј ин“ во центарот на Скопје,  компанијата која ги гради зградите „МГ Фешн“ ДОО Скопје.

На 17 јануари работникот загинал млад  при пад додека работел

Зад Универзална сала загина млад 25 годишен  работник за време на изградба на станбен објект.

На местото на трагичниот настан беа видливи знаците на несреќата, не е сигурно дека носел заштитна опрема при работа.

Државен инспекторат за труд, статистика 

Според последните информации од Државниот инспекторат за труд, лани на работно место загинале 17 работници, додека пак во 2022 година загинале пет помалку, односно 12 лица.

Што во суштина уредува Законот за безбедност и здравје при работа?

Со овој закон се утврдуваат мерките за безбедност и здравје при работа, обврските на работодавачот и правата и обврските на вработените од областа на безбедноста и здравјето при работа, како и превентивните мерки против професионалните ризици, отстранувањето на ризичните фактори за несреќа, информирање, консултирање, обука на работниците и нивните претставници и нивно учество во планирањето и преземањето на мерки на безбедност и здравје при работа. Одредбите од овој закон се применуваат во сите дејности на јавниот и приватниот сектор, за сите лица осигурени од повреда на работното место или професионалните болести според прописите за пензиското, инвалидското и здравственото осигурување и за сите други лица кои се вклучени во работните процеси. Одредбите од овој закон не се применуваат во дејностите доколку со посебен пропис е регулирана оваа материја (вооружените сили, полицијата, во некои посебни активности на силите за заштита и спасување) како и на куќните помошници.

Кои се обврските на работодавачот?

Работодавачот има обврска да обезбеди безбедност и здравје при работа за неговите вработени од секој аспект поврзан со работата. Во рамките на неговите обврски, работодавачот мора да презема мерки потребни за безбедност и здравје при работа на вработените, вклучувајќи заштита од професионални ризици, обезбедување информации и обука и обезбедување соодветна организација и потребни средства, односно да воведе такви заштитни мерки и  да избере такви работни и производствени методи кои ќе го подобрат нивото на безбедноста и здравјето при работа, а ќе се вклучат во сите дејности на работодавачот и на сите нивоа на организација.

Работодавачот ги спроведува мерките за безбедност и здравје при работа врз основа на следниве основни начела:- избегнување на ризици;- проценување на ризиците кои не може да се избегнат;- справување со ризиците на самиот почеток;- прилагодување на работата кон поединецот особено во однос на карактеристиките на работното место и работната средина;- изборот на личната заштитна опрема;- изборот на хемиски супстанци или препарати…

Н.Ш

АКТУЕЛНО