Фото/Градска редакција

Коњи по улиците – секојдневна слика за една метропола како Скопје

Скоро цела зима среде Скопје два коња се шетаат и пасат слободно по тревници и тротоари. Минувачите и возачите на автомобили секојдневно се соочуваат со два возрасни коња кои пасат околу тревникот  покрај тротоарите во скопското Кале. По се изгледа коњите се пуштат од нивните сопственици кои и живеат во околината на Кале.  Сепак тоа претставува ризик за возачите но и за самите коњи кои не се ни врзани.

Фото/ Градска редакција

Овој поглед на Скопје не е ни прв ни последен, скопјани често се соочуваат со напуштени коњи кои пасат низ скопските паркови. Често се случувало да

настрадаат коњи па и возила.

.

Минатата година коњ беше врзан за кука и влечен од возило во Скопје. За момент коњот паѓа по што возилото застанува, а од него излегуваат тројца луѓе за да го кренат по што продолжуваат да го влечат. За овој случај полицијата приведе тројца скопјани.

Исто минатата година спасен е  коњ кој бил врзан на тераса во Дебар маало и однесен во скопската зоолошка.

Фото/ЗОО Скопје

Откако на социјални мрежи се појавија фотографии од коњот како седи на тераса во напуштена куќа, екипи од Зоолошката градина, Агенцијата за храна и ветерина и полицијата почнале акција за спасување на коњот.

Фото/Социјални мрежи

Инаку на скопските улици уште може да си наидеме на запрежни возила со коњи кои се користат за товар на железо, каучи или хартија.

Н.Ш

АКТУЕЛНО