Се роди уште едно „бебе“ во Зоолошката градина во Скопје

 

Зоолошката градина Скопје доби нов жител. Алпаката Фелиција вторпат стана мајка, а Дина која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка.

Во краток временски период од само неколку дена, Зоолошката градина во Скопје доби два нови члена. Пред неколку дена се роди двогрба камила од фамилијата Бактријан, а кратко по камилата пристигна и новото бебе алпака. Мајката алпака Фелиција сега има две деца, постарата алпака е Дина која има 3 години, а сега и новороденото бебе кое е старо само неколку дена.
 

„Нашата алпака Фелиција стана мама по вторпат. Дина која се роди во 2021 година, деновиве доби сестричка.За малото бебе се грижи целата фамилија на алпаки“, известија од Зоолошката градина Скопје во својата објава на Фејсбук.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави