„Четирите мајстори на модернизмот“ – групна изложба на студентите на ФЛУ

Студентите од осмиот семестар на Факултетот за ликовни уметности – Скопје (ФЛУ), отсек Сликарство организираат групна изложба – „Четирите мајстори на модернизмот“. Таа ќе се отвори во петок (10 мај) во Културно-информативниот центар во Скопје со почеток во 20 часот.

Изложбата е воспоставена во чест на основоположниците на Факултетот за ликовни уметности од Катедрата за сликарство, професорите Петар Мазев, Родољуб Анастасов, Димитар Кондовски и Душан Перчинков.

Учесници се Теодора Андоноска, Мартин Буровски, Илина Василеска, Сергеј Јордановски, Камелија Каламерникова, Манели Крстиќ, Сара Милошевска, Ивона Петрова и Никола Тренов, сите студенти во класата на проф. Слободанка Стевческа.

Изложбата ќе биде отворена до 20.04.2024 година.

Град Скопје и ЈУ Културно Информативен Центар со отворањето на изложбата започнуваат со реализација на Европскиот проект CreArt 3, со активноста ,,ЕВРОПСКИ МЕСЕЦ НА КРЕАТИВНОСТА“.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави