Search
Search
Фото/ Социјанли мрежи

Арсовска се пофали дека асфалтирала 450 метри улици во Шуто Оризари

Град Скопје и Општина Шуто Оризари се пофалија дека ги асфалтираат споредните улички во улицата Втора македонска- косовска бригада, од друга страна пак граѓаните на ова населено место со помош на бизнисмени го уредуваат со бекатонски плочки пешачката патека која опфаќа околу 2000 квадрати.

Последниот месец се направени низа активности за уредувањето на овој дел на улицата која се наоѓа позади гробиштата „Бутел„.

Фото/Социјални мрежи

Град Скопје и градоначалничката Данела Арсовска информираа дека во овој дел од градот завршија работите на реконструкцијата на улица 38, крак на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари.

„Денес се завршија градежните работите на крак 38 на улицата Македонско Косовска Бригада, во Општината Шуто Оризари.
По налог на Град Скопје екипите на ЈП Улици и патишта, успешно го реализираа овој проект, при што жителите на Шуто Оризари во должина од 450 метри добиваат 1800 квадратни метри нова патна инфраструктура и решение за дологодишните проблеми во овој дел од градот.

Фото/Град Скопје

Н.Ш

АКТУЕЛНО