Search
Search

Училиштето „Димо Хаџи Димов“ победи во трката за најуреден училиштен еко-двор во Карпош

Во трката за најдобро уреден еко училиштен двор помеѓу девет основни училишта во Општина Карпош, ОУ „Димо Хаџи Димов“ ја доби првата награда, второрангиран двор е на училиштето „Војдан Чернодрински“, а третото место го освои ОУ „Вера Циривири-Трена“.

За својот труд и остварувања, Општина Карпош го награди прворангираното училиште со еднократен финансиски надоместок од 70.000 денари, второто доби награда од 50.000 денари, а пак третопласираното училиште доби финансиски средства од 30.000 денари. За своето учество другите основни училишта добија пофалници.

Уредувањето на училишните дворови во чии рамки се вклопија и еколошките содржини, требаше да поттикне креативност кај основците, родителите и наставниците, што од друга страна кај нив овозможи зголемување на еколошката свест и грижа за животната средина. Во текот на еколошките активности беа користени и рециклирани материјали, а на тој начин учесниците добија поголем мотив за одржување и грижа на училишните дворови – информираа од Општина Карпош.

 

АКТУЕЛНО