Search
Search

УНХЦР: Околу 186.000 мигранти и бегалци годинава пристигнале на југот на Европа

Американските медиуми пренесуваат дека најголем број од нив влегле во Италија, повеќе од 130.000, што е зголемување за 83 отсто во споредба со минатата година. Остатанатите заминале за Грција, Шпанија, Кипар и Малта.

Истовремено, од јануари до 24 септември годинава загинале или исчезнале речиси 2.800 лица кои се обиделе да го преминат Медитеранот, што е значително зголемување во споредба со 1.680 лица кои загинале или исчезнале во истиот период во 2022 година.

Најголемиот број бегалци и мигранти кои се обиделе да го преминат Медитеранот кон Европа се од Тунис – повеќе од 102.000, се наведува во извештајот на Високиот комесаријат.

Околу 30.000 лица биле спасени на море или приведени и затворени во Тунис, додека речиси 11.000 беа затворени во Либија.

Од УНХЦР наведуваат дека мигрантите и бегалците кои се обидуваат да стигнат до југот на Европа се соочуваат со „страшни услови“.

АКТУЕЛНО