Фото/Социјални мрежи

Се барат инклузивни методи за учење на ученици а не се обезбедени средства

Институциите барат нови и инклузивни методи за реализирање на наставната програма во основните училишта а не обезбедуваат средства и материјали за наставниците. Секојдневно наставниците во основните училишта  освен што се соочуваат со недостаток на книги за нивните ученици, имаат проблеми и со недоволниот материјал и апаратура за исполнување на план-програмата која е обврска дадена од Министерството за образование и наука.

Според наставничка пред пензија  која во моментот е класна на 3 одделение во основно училиште во Скопје, често колегите барат поддршка од родителите за обезбедување на материјал, од  хартија до принтер.

„Јас секогаш сум се ангажирала сама и за материјал и за се и ако платите не ни беа солидни, гледав да покријам сама. Гледам колегите барат од родителите да им помагаат финанциски за обезбедување на материјал за нивните ученици, тоа го прават бидејќи нема скоро ништо во училиштето. Ти имат поставено еден расипан принтер, и кој прво да печати материјал. Ни хартија доволно нема. Да ти кажам право и ние сами одвојуваме пари од наши плати за материјал, бидејќи мисијата на еден наставник е да вади што по добри ученици„ рече за Градска редакција наставничка од основно училиште во Скопје.

„Замисли еден наставник за 30 деца за да обезбеди материјал за два предмети треба да печати 60 листа, ако некогаш имаме некој дополнителна активност може да се печатат над сто листа. Навистина имаме потешкотии за секојдневно извршување на настават како што е побарано со новите методологии„ рече наставничката.

Од друга страна родител за Градска редакција вели дека реагирал кога наставничка на неговиот син им побаралa пари за поправка на прозорот на училницата која беше скршена.

„ Наставничката ни побара пари за да се поправи прозорот на училницата каде учи и мојот син, веднаш реагирав и го прашав зошто не се поправа од училиштето, наставничката ми одговори дека директорката на училиштето не можела да праќа барање до Министерството за образование и да се отвори тендер за поправка или смена на прозорецот, целиот случај не ми изгледа нормално според мене или наставничката лаже, или директорката не знае како да постапи или да пише барање, или па министерството е глува на ваквите барања„ рече родител за градска редакција.

Новите наставни програми за прво одделение за основното образование

Првачињата во новата 2021/2022 учебна година ќе учат по новите наставни програми што ги донесе Министерството за образование и наука на предлог на Бирото за развој на образованието. Наставните програми изминатиот период беа изработени од работни групи формирани од Бирото, а составени од советници, наставници од основните училишта и универзитетски професори.

Во програмите се наведуваат Националните стандарди базирани на компетенции коишто учениците почнуваат да ги стекнуваат од прво одделение, а продолжуваат да ги развиваат во наредните одделенија, пред сé компетенциите кои произлегуваат од подрачјето со кое наставниот предмет има директна врска, но и трансверзалните компетенции преку кои се остварува и интеграцијата и се овозможува целосен развој на учениците.

За секоја тема/подрачје од наставните програми се предвидени резултати што секој ученик треба да ги постигне, преку усвојување на наведените содржини и поими, а наставникот ќе ги следи и вреднува постигањата на ученикот преку дадените стандарди за оценување (кои опфаќаат најмалку четири нивоа на когнитивни постигања на учениците, согласно Блумовата таксономија: познавање, сфаќање, примена и анализа/евалуација/креирање). Стандардите за оценување ќе придонесат кон објективност и транспарентност во оценувањето и ќе им помогнат на наставниците во определувањето и оформувањето на критериуми за оценување.

Примерите на активности дадени во наставните програми се со акцент на активното учество на ученикот и даваат јасни насоки како наставникот треба да ги организира и реализира активностите на часот, преку експерименти, истражувања, решавање проблеми, дискусии со учениците.

Н.Ш

АКТУЕЛНО