Успешни приказни: Младиот научник Никола се вратил од Германија за да придонесе во развојот на нашата држава

 

Фондацијата Заев во рамките на своето дејствување го започна серијалот “Успешни приказни” кој има за цел да пренесе порака до македонскиот народ, а посебно до младите дека може да се биде успешен и во Македонија.

Токму во втората епизода од серијалот “Успешни приказни” ја имаме сторијата на младиот Никола Маркоски, директор на развој во “Грин Машинс” кој се врати од Германија како успешен научник во полето на физиката да придонесе за поголем успех и развој на нашата држава.

Младоста е период од животот кога секој поединец ги поставува темелите на својата професионална кариера. Секој се насочува кон спроведување на својот сон во реалност искористувајќи ги можностите кои му се пружат. Младите се двигателите на општеството и се иднината на нашата држава. Северна Македонија вложува во младите луѓе, придонесува во нивниот индивидуален развој. Но, потребно е и менторство и финансиска поддршка за остварување на нивните соништа и идеи. Само така ќе се добие вистински напредок во нашето општество. Институциите се сервиси на државата па од таму тие треба да ги согледаат способностите, заложбите и капацитетот на нашата младина.

„Да го зголемиме влогот во младите луѓе. Да обезбедуваме уште повеќе менторство и поголема финансиска поддршка за остварување на нивните соништа и идеи. Само така ќе се добие вистински напредок во нашето општество. И институциите, и компаниите, потребно е да ги согледаат и да ги поддржат способностите, заложбите и капацитетот на нашата младина и на тој начин сите заедно да направиме повеќе за нашата сегашност и нашата иднина“, пишува на својот официјален профил поранешниот премиер Зоран Заев.

АКТУЕЛНО