Фото Градска.мк

ВИДЕО: ВМРО-ДПМНЕ го блокираше Скопје, но не го наполни платото пред Влада

Два дена Скопје беше со блокирани улици и редица автомобили кои чекаат, блокирани булевар со полицикси автомобили, полицајци го регулираа сообраќајот поради организацијата на митингот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ во блиизна на зградата на Владата.

Дел од граѓаните велат дека им пречи вревата од собирите, кога тие се одржуваат на улици и во близина на зградите каде што живеат.

Сепак можеби ова беше многу врева за ништо.

Фотографиите и видеата од дрон покажуваат слаб интерес за митингот на опозициската партија, каде може да се забележи разреден број на граѓани.

Очигледно на ВМРО-ДПМНЕ не им успеа ни полнењето на автобуси од други места, за да го пополнат просторот пред Владата.

Но им успеа да предизвикаат нервоза кај граѓаните поради блокадите во сообраќајот поради организацијата на митингот.

АКТУЕЛНО