Вкупно 28 случаи на голема кашлица во Скопје, зголемен интересот за вакцинација и кај основците

Од поликлиниката Бит Пазар што ја покрива територијата на основните училишта во општина Центар ги повикуваат и потсетуваат родителите кои не примеле ниту една ревакцина а децата стигнале и до девето одделение. 50 деца во една смена се вакцинираат. Оваа поликлиника работи од 7.30 до 19 часот во две смени. Докторите апелираат сите невакцинирани деца да дојдат. Вакцината не штити само од голема кашлица туку и од тетанус и дифетирја.

Доктор Ралева вели дека доаѓаат и родители да ги проверат вакциналните картони но во ниту еден случај ниту едно дете нема да добие потврда за вакцина а не примало вакцини. Исто така докторите до вакциналните пункотви бараат реакции и санкции за сите оние кои свесно шират дезинформации за значењето на вакцините.

Вкупно кај 28 деца е потврдена големата кашлица. Над 1500 дози вакцини ДТП се аплицирани во Скопје за пед дена, покажуваат подтоците од Мој термин и се дадени три пати повеќе вакцини од истиот период минатата година.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави