Фото Трн

Започнаа подготовките за реконструкција на Универзалната сала

 

По неколкумесечните натегања околу предавањето на проектната документација од Град Скопја на Министерството за култура, денес започнаа работите околу расчистување на шутот во и околу Универзална сала. Министерката за култура Бисера Костадиновска-Стојчевска во неколку наврати и јавно апелираше до Град Скопје да го изврши предавањето на целосната документација поврзана со реконструкцијата на Универзална сала, за конечно денес да се започне со чистењето на шутот и отпадот по што ќе започнат градежните работи.

Реконструкцијата која ја започна поранешниот градоначалник Петре Шилегов во 2021 година и беше во застој од доаѓањето на Данела Арсовска на градоначалничката функција.

Фото Трн

Три месеци откога дојде на местото градоначалничка на град Скопје, Арсовска излезе на прес конференција пред Универзална сала и тоа крајот на февруари 2022 за да го изнесе ставот дека проектот за изградба на Универзална сала е небезбеден и дека треба да биде стопиран, додека Асоцијацијата на архитекти на Македонија на чело со Мишко Ралев, остана на ставот дека тоа е политичка одлука на градоначалничката донесена без факти и аргументи. На изјавата на Арсовска реагираше фирмата проектант „Мегарон инженеринг“, која кажа дека проектот е безбеден и сите измени се одобрени од Институтот за земјотресно инженерство и инженерска сеизмологија (ИЗИИС).

Фото Трн

Нова разврска случајот Универзална сала добива во ноември, 2022 година министерот за локална самоуправа, Ристо Пенов, изјави дека има целосна согласност од градоначалничката Данела Арсовска за реконструкцијата на  Универзална сала целосно да ја преземе Министерството за култура.

Фото Трн

Во јануари оваа година, после долги обиди да се преземе документацијата за реконструкцијата на салата, Владата (Министерството за култура) ја презема Универзална сала од град Скопје.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави