Во Кавадарци секој што полни 18 години добива книга посветена на родниот крај

Во Кавадарци секој што полни 18 години добива книга посветена на родниот крај. Од Кабинетот на градоначалникот Митко Јанчев попладнево информираа дека од почетокот на овој проект во септември 2020 година па  до денес, во Општина Кавадарци ваков подарок имаат добиено 1.467 млади кои влегоа во полнолетство.

Проектот е насловен „Го сакам Кавадарци – книга за новите генерации“.

– Во книгата е сместено многу,  историски податоци и фотографии, како се градеше и гради едно модерно Кавадарци. Со помош на книгата младите поблиску се запознаваат со својот роден крај. Целта на проектот, според градоначалникот Митко Јанчев, кој е и иницијатор на овој проект, е младите кавадарчани многу поодблизу да си го запознаат својот роден крај, да дознаат многу детали и факти за градот, околината, да осознаат како живееле нивните родители, нивните баби и дедовци и како Кавадарци растеше и се развиваше низ историјата па до денес, појаснија од Кабинетот на градоначалникот.

Оттаму најавија уште многу интересни проекти и за во иднина.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави