Search
Search

Во Македонија 68 лица се водат како исчезнати

Според податоците објавени на веб страната на Министерството за Внатрешни работи 68 лица се водат како исчезнати во Република Северна Македонија.

Фотографиите на исчезнатите лица постојано стојат во веб страницата на МВР и за секаква информација се бара да се информира полицијата во најблиската станица или на телефонскиот број 192.

Фото/МВР Џобески Петар

Најмладиот и пред една година исчезнат е Џобески Петар роден 18.08.2011 година во Прилеп каде и живее на ул.Врањска бр.28. Исчезнал на 25.02.2022 год. во с.Врпско, Прилеп. Според податоците не МВР Петар е висок околу 140 сантиметри, проценета тежина 35 килограми, коса плава, очи црни. Облечен во тренерки, тенко блузиче, џакет и детски чизми .Лицето е со ментална попреченост. Списокот на исчезнати и со различни лица од секаква возраст и пол. Ако се гледа списокот на исчезнати интересен е фактот што во иста година во март и април исчезнале три деца две се од градот Куманово а една е на патот за Куманово.

Фото/МВР Дане Мемеди

Првично исчезнува Дане Мемеди Роден 04.12.2005 година во Куманово каде и живеел на ул.Средорек бр.114. Во моментот на исчезнување на 27.03.2010 година бил облечен во бели сомотски пантолани и шарен дуксер.

Фото МВР/ Мирсада хелдовиќ

Потоа истиот месец на 19 март 2010 исчезнува Митат Ибраими роден 01.10.2002 година во с.Средно Коњари – Скопје каде и живеел.Во моментот на исчезнување на 19.03.2010 година бил облечен во горна зелена тренерка, плави фармерки и кафеави чизми.

И истата година но во првата половина на месец април исчезнува Мирсада Хелдовиќ

Родена 18.02.2005 година во Куманово каде и живеела на ул.Октомвриска револуција бб.Во моментот на исчезнувањето на 12.04.2010 година била облечена црвена блуза, сини фармерки и црни патики.

Најдолга потрага се води за Веле Дојчиновски роден 06.03.1960 година во с.Тресонче а живеел во с.Ростуше Гостивар. Опис: висок 175см, црна коса. Исчезнат на 25.04.1992 година.

Извор на информации: МВР

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО