Search
Search

Во овој град на секои три минути се случува сообраќајна несреќа

Барселона се наоѓа на крајбрежјето на Медитеранот на околу 120 километри од Пиринеите и се граничи со Франција, во долина која е опкружена со море на исток, планински венец на запад, на југ со реката Љобрегат, а на север со реката Бесос.

Барселона е еден од главните европски и економски и туристички центри, со едно од главните медитерански пристаништа, а аеродромот во Барселона е втор по големина во Шпанија.

Градот исто така е и важна туристичка дестинација и има многу богато културно и историско наследство од кое особено се истакнува архитектурата на Антони Гауди.

 

Ова се неколку интересни факти за Барселона:

1. Саграда Фамилија се гради подолго отколку што се граделе египетските пирамиди.

2. Ла Рамбла, најпознатата пешачка авенија во Барселона, не е една улица туку се состои од пет кои се надополнуваат една со друга.

3. Песочната плажа во Барселона која се протега во должина на градското крајбрежје настаната е со вештачки песок од Египет.

 

 

 

4. Најпосетениот музеј во Барселона е музејот на фудбалскиот клуб Барселона.

5. Возачите во Барселона се познати по својот непредвидлив стил на возење. Според статистиката, во просек таму се случува по една сообраќајна несреќа на секои три минути.

 

 

 

 

 

 

 


  •  
  •  

  •  
  •  

  •  
  •  

  •  

 

АКТУЕЛНО