Search
Search

Во Скопје манифестацијата „Cruise cult – the art of the motorcycle 2023 vol.2”

Манифестацијата „Cruise cult – the art of the motorcycle 2023 vol.2” ќе се одржи денеска во период од 12 до 17 часот во Паркот на франкофонијата и Мобилната монтажна галерија во Скопје.

– Идејата на оваа манифестација е да се претстави уметноста на мотоциклистичката култура, како и да се претстави влијанието на мотoциклите врз културниот живот на луѓето во Македонија и регионот. Главен акцент на оваа манифестација е спојувањето на уметноста и мото-културата, односно на широката публика сакаме да ѝ ја претставиме уметноста, искажана преку мотоциклите и нивната индивидуална нота вметната од самите сопственици, се наведува во соопштението од организаторите.

Програмата вклучува музички настапи на блуз и рок бендови, изложба на мотоцикли, изложба на Кристијан Новковски – илустрации, колажи, фотографии и изработка на уметнички дела, односно цртежи на самите мотоцикли со помош на воздушен пиштол и посебни четки.

Манифестацијата е поддржана од Министерството за култура, Општина Центар и Центар за современи уметности – Скопје.

 

АКТУЕЛНО