Search
Search
Фото/ Цивил

Во знак на поддршка за украинскиот народ, општина Чаир го промовираше паркот „Украина“

Во знак на солидарност и потсетување на жртвите од војната во Украина, во општина Чаир се промовираше паркот наречен „Украина“. На овој настан каде присуствуваа претставници од украинската заедница во Македонија, амбасадорката на Украина, градоначалникот на општина Чаир како и претставници на општината  беа изнесени факти на кои се искажаа страдањата на украинскиот народ како последица на руската агресија.

Фото/ Градска редакција

„Денес сакаме да ја пренесеме пораката дека сите сме со Украина и со украинскиот народ од почетокот на војната и сме против агресијата на Русија врз Украина. Ние како општина Чаир имаме широко срце да се потсетиме на оние кои моментално се на подрачјето на воената инвазија. Денес сите заедно ја пренесуваме пораката дека секогаш ќе бидеме со Украина. Од сега секој кој ќе помине покрај овој парк ќе се сеќава на Украина и Украинците исто и околу 70 илјади наши граѓани и исто толку жители на други општини „ рече градоначалник на општина Чаир Висар Ганиу.

Амбасадорката на Украина во Северна Македонија Лариса Дир се заблагодари на овој гест на општина Чаир, но и на Република Северна Македонија за придонесите за Украина и украинскиот народ.

„Северна Македонија е една од првите кои и помогна на Украина, ги подржува и ги споделува европските вредности за владеење на правото слободниот развој на човечноста и  личноста. Украина е благодарна на РСМ за укажаната хуманитарна и вена помош, постојаната поддршка во меѓународната заедница и поддршката за Евроатланскиот процес на Украина. Денес имаме светла можност да добиеме од општина Чаир морална и духовна поддршка која е бесценета. Ние со благодарност го прифаќаме овој израз на сочувство за Украинците„ рече амбасадорката на Украина во Северна Македонија Лариса Дир.

Фото/Градска редакција

На овој настан што се одржа денес во паркот близу општинската зграда беа присутни и деца во знак на поддршка на украинските деца.

По повод промовирање на паркот „Украниа„ беа присутни и од здружението на украинската заедница во Северна Македонија “Лесја Украинка”.

Фото/ Градска редакција

 

Н.Ш

АКТУЕЛНО