Search
Search

Волшебната градина во Дубаи е најголемата цветна градина во светот

Волшебната градина во Дубаи во Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ) е најголемата градина со природно цвеќе во светот.

Градината, поради огромната површина што ја зафаќа, како и поради различните видови цвеќе, денес е вистинска туристичка атракција и неизбежна локација на мапата на туристи кои го посетуваат Дубаи.

 

 

 

Волшебната градина во Дубаи е запишана во Гинисовата книга на рекорди, а се простира на површина од над 72.000 квадратни метри. Градината за посетителите е отворена од 2013 година, а се проценува дека во текот на сезоната во градината со полн цут има повеќе од 150 милиони цветови.

Инаку оваа градина била идеја на г-дин Абдел Насер Рахал, бизнисмен од ОАЕ инспириран од визијата да се создаде единствена туристичка атракција која ќе ја прикаже убавината и разновидноста на цвеќињата од целиот свет.

АКТУЕЛНО