Search
Search

Вработените од Комунална хигиена се враќаат на рабoта

Вработените од Комунална хигиена се враќаат на рабoта од денеска. Тоа значи дека вработените од втора смена од денеска ќе ги извршуваат работните задачи.

Ова е  договорено на денешната средба меѓи СУТКОЗ и Извршниот одбор на Синдикалната организација на Комунална хигиена. За останатите чекори ќе расправаат на дополнителен состанок, кој ќе се одржи подоцна денеска, а барањата ќе ги туркаат преку други начини, објави Телма.

Арсовска: Откривме луѓе кои во Германија си возат камиони, а од тука си земаат плата

„Да се расчисти со оние кои не одат на работа, а земаат плата“, рече Данела Арсовска на денешната прес-конференција заедно со директорката на ЈП Комунална Хигиена Косана Мазнева.

„Треба да се стави крај на овие луѓе кои земаат плата, а не доаѓаат на работа. Наместо да кажете дека ние конечно дојдовме да ги разобличиме овие и да не дозволиме никогаш повеќе да не се случува. Замислете, ние откривме луѓе кои си се во Германија си возат камиони, а од тука им стигнува плата од претрпијатието“, рече Арсовска.

Директорката на јавното претпријатие „Комунална хигиена“, Косана Мазнева-Николиќ, на прес-конференција објави дека по тридневна блокада, претпријатието е вратено во „нормала“ и дека екипите од полноќ наваму, непрекинато се обидуваат да го исчистат сметот од главниот град. Таа вели дека претпријатието било под заложништво на, како што рече, „мафијашки структури“, но поради заштита на лични податоци, не сакаше да ги објави нивните имиња, но ги повика надлежните институции побрзо да постапуваат.

АКТУЕЛНО