Search
Search

За седум дена казнети 250 возачи во Центар

За седум дена на територија на општина Центар се казнети 250 возачи кои непрописно ги паркирале своите возила и со тоа го попречиле нормалното и безбедно одвивање на сообраќајот.

Како што соопшти ЈП Паркинзи на Општина Центар, во периодот од 18 до 24 септември 2023 година со помош на специјалните возила „пајак“ на ЈП ПОЦ отстранети се 132 непрописно паркирани возила.

Со поставување на механичко средство „Блокатор“ санкционирани се 118 возила кои биле затекнати на резидентни паркиралишта, а не биле корисници-резиденти на секторот во којшто биле паркирани.

ЈП ПОЦ и Општина Центар информираат дека континуирано ќе ја спроведуваат оваа мерка и апелираат до граѓаните да ги почитуваат правилата и прописите и да ги оставаат своите возила само на пропишаните места за да им се овозможи на пешаците и велосипедистите нормално движење по тротоарите и велосипедските патеки, а на возилата безбедно движење по улиците.

АКТУЕЛНО