Search
Search

Земјоделците и лозарите следната недела однапред ќе добијат третина од субвенциите

Земјоделците и лозарите ќе ги добијат субвенциите однапред. Владата вчера донесе измени и дополнувања на програми и уредби, со коишто се овозможува земјоделците и лозарите во државава за прв пат досега да добијат авансна исплата на субвенциите.

Сите 40.000 земјоделци кои се стекнале со право за субвенции ќе добијат авансна исплата на 30 проценти од субвенциите, во текот на следната недела.

Станува збор, како што е објаснето од предлагачот, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, за предвремена исплата на субвенциите по програми за тековна година, согласно новиот модел на субвенционирање што го воведе Владата.

На седницата исто така Владата даде поддршка и да се продолжи рокот за аплицирање во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој за дополнителните 70 проценти од субвенциите, што според новиот модел на субвенции се поврзани со пријавување на количината на производство од страна на земјоделците. Рокот за пријавување до 25 декември е продолжен до 30 декември. Според пријавеното производство на количините, на почетокот на годината ќе се направат пресметките за доисплатата на субвенциите на земјоделците на кои им следуваат.

 

АКТУЕЛНО