Search
Search
Фото/ Градска редакција

Ја заборавија ли институциите Величествената дама на Скопје-чинарот стар 550 години

Скопје има чинар со кој може да се гордее и кој претставува атракција, иако за него треба многу повеќе да се знае. Тој бара внимание во смисла на негова поголема популаризација и ставање на мапата на незаобиколни споменици на природата. Но и на културата, истовремено. Поради околината и историјата што тој ги крие во себе. Историја што може секого да заинтересира, оживувајќи го на тој начин богатото минато на Скопје. Чинарот е посетен, иако таа посета е далеку од заслужената и онаква каква што е вообичаена за ваквите споменици. Не само во поширокиот простор, туку и во стариот дел на градот многумина од жителите не знаат за овој споменик. Кога е засаден чинарот, кој го засадил и во кое време, колку е стар и каква приказна раскажува тој за градот?

Кога седите под сенката на Чинарот, величествената дама, веднаш чувствувате дека воздухот е посвеж за разлика од другите места во Скопје„ вака го опишува местото кај чинарот Евлија Челебија – патописец кога пишувал за  Скопје. Тоа пак покажува дека ова дрво историски речиси секогаш привлекувало големо внимание кај посетители  историчари и писатели.

Фото/Градска редакција

Чинарот или јаворот со латинско име (Platanus Orientalis) во Скопје која се наоѓа во дворот на џамијата „Иса- Бег„  во Скопје на изгледа здраво, но сепак  но сепак  според некои тврдења е стар околу 550 години.

Огромно по својот обем, а со издлабена и испразнета внатрешност од времето. За време на земјотресот сериозно беа оштетени тремот и предниот дел од џамијата, ѕидовите беа распукани, минарето оштетено, а сето тоа подоцна беше санирано, но дрвото остана недопрено.

Кога велиме дека чинарот е природен, но истовремено и културен споменик, ја имаме предвид богатата приказна што тој може да ја раскаже за објектите од неговата непосредна околина, еднакво интересна и за жителите на Скопје и за странските туристи. Во непосредната близина на чинарот постоела една од најголемите исламски библиотеки на Балканот што ја основал Иса-бег. Кога денес ќе се прочита што сѐ таа содржела во себе, навистина се добива импресивен впечаток: книги од филозофијата и логиката, медицината, реториката, разни научни дисциплини, богат избор од книги со верска содржина. Тука се наоѓала и позната медреса со надалеку прочуени професори. Првпат била воведена и службата библиотекар со постојана плата. Во близината на чинарот се наоѓал уште еден пазар наречен Туз-пазар. Од Туз-пазар „патот водел до мостот“. Се смета дека со оваа реченица, која стои во вакафнамето, првпат се спомнува Камени мост во историјата на Скопје. Во околината имало анови, амами и големи карван-сараи, кои денес не постојат.

Фото/Градска редакција

Величествен, но заборавен од институциите

Градска редакција разговараше со имамот на џамијата, Мухарем Исмаили каде се наоѓа ова природно наследство. Тој вели дека дрвото е величествено, која крие многу историја и факти во себе, но пополека се распаѓа, бидејќи постојано паѓаат гранки. За него се грижи одборот на Џамијата, која постојано се наводнува и се одгледува.

„За жал јаворот е заборавен од институциите, не се одгледува не се кастри и не се чисти дрвото редовно. Не се прават годишни интервенции врз гранките и самото стебло. Одборот на џамијата има вработено едно лице кое перманентно се ангажира и се грижи за чистење на лисјата и гранките кои паѓаат секој ден. Стеблото е санирано пред 20 години, но со време имаме нови пукнатини на самото дрво, има и нови гранки. Ургентно е потребно ново санирање на дрвото„ рече имамот на џамијата Иса- Бег во Скопје.

Според него денес многу луѓе и странски туристи го посетуваат дрвото, а има поставено клупа под негова сенка.

Фото/Градска редакција

 Чинарот од 15 век

Чинарот е засаден во дворот на познатата џамија „Иса-бег“, која е подигната во првата половина на 15 век, 1475/1476 година. Таа е садено по барање на Иса Бег пред почетокот на изградбата на џамијата која го носи неговото име. Тој никогаш не успеал да го види џамијата и јаворот, но со садење на чинарот кој се сметал за долго вечност сакал да рефлектира и во долговечноста на „Иса-Бег„ Џамијата.

Гази Иса-бег бил третиот управител на Скопје, првиот бил неговиот дедо, освојувачот на Скопје Игит-паша, а вториот е неговиот татко Исхак-бег. Гази Иса-бег е основач и на градот Сараево, но и на Нови Пазар.

Фото/Градска редакција

Јаворот или чинарот кој е симбол на долговечност во 1993 е ставена во категориата на Заштитен споменик на природата и е под заштита на Заводот за животна средина на Република Северна Македонија, се наоѓа веднаш по поликлиниката Бит-Пазар во Опоштина Чаир.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО