Search
Search

10.000 денари и куп документи за поттикнување на традиционалните занаети во Скопје

Со објавата на информацијата дека Град Скопје ќе ги субвенционира занаетчиите со само 10.000 денари годишно, или со проста математика од 830 денари месечно, се поставува прашањето дали оваа финансиска помош е доволна за потикнување на традиционалните занаети.

Предвидени се средства за субвенционирање на занаетите јорганџија, опинчар, јажар, крзнар, грнчар, шапкар, ковач, лимар, казанџија, копчар, свеќар, венци, сита, саатчија, самарџии, ракотворби-корпар, ракотворби-изработка на сувенири, домашна ракотворба, изработка на филигран, накит и слични производи и производство на музички инструменти, известија од Град Скопје.

За да ги добијат овие средства занаетчиите треба да достават куп документи или како што велат барање за субвенција, решение за упис во Регистар на занаетчии, односно да имаат занаетчиска дозвола, потоа тековна состојба од Централниот регистар не постарa од шест месеци, подмирени обврски кон Град Скопје, како комунална такса – фирмарина и данок на имот доколку дуќанот е во сопственост на подносителот на барањето.

Занаетчиите играат важна улога во градската средина, зачувувајќи традициите и потикнувајќи го туризмот, но се соочуваат со различни предизвици во нивното работење. Додека субвенции за занаетчиите може да бидат добра идеја, но износот од само 10.000 денари годишно зборува за сума која многу занаетчии ќе ја сметаат најблаго кажано како недоволна за да ги поддржат сатарите занаети и занаетчиски дејности во изумирање во градот.

Градска.мк пред извесно време имаше разговор со еден од занаетчиите на Чаршијата, каде меѓу другото се пожали дека речиси сите занаети исчезнуваат бидејќи не можат да преживеат.

Тој беше загрижен бидејќи можеби е последната генерација што се занимава со овој занает, неговите деца го знаат занаетот, но немаат интерес да работат, бидејќи сметаат дека е неисплатливо и дека не можат да заработат доволно за живот.

 „Сите млади ни бегаат, така размислува и мојот син, тој и ако го знае занаетот не сака да работи нема перспектива, нормално не можеш да одржуваш семејство со приходите од рачните шиени јоргани„ 

АКТУЕЛНО