Фото: Полицаец од ФБ страницата на МВР

171 возач на територија на цела држава казнети за брзо возење

Во текот на вчерашниот ден во засилена акциска контрола на територијата на Република Северна Македонија за санкционирање на возила кои се движат со брзина поголема од дозволената, санкционирани се 171 возач.
Од нив 14 возила се движеле со брзина над 50 километри на час повеќе од дозволеното, а три возила се движеле со дури над 70 километри на час повеќе од дозволената брзина. Притоа, како што соопштија денеска од МВР, 76 возила ја пречекорилe брзината во населено место, а 95 надвор од населено место.
Сообраќајните контроли продолжуваат и во наредните денови.

АКТУЕЛНО