Search
Search

Фон дер Лајен од Тирана: Оние кои сакаат да се реформираат на Западниот Балкан, ќе добијат пари од ЕУ

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лејен денеска изјави дека самитот на Берлинскиот процес во Тирана е посебен самит, десетти по ред, а прв во земја на Западен Балкан и дека испраќа силна порака дека Европската унија е посветена на проширување.

Таа им рече на новинарите по пристигнувањето на самитот дека голема тема ќе биде економијата на Западен Балкан, која може да биде подобра.

Фон дер Лејен рече дека ќе претстави план за раст и можност за отворање на заедничкиот пазар на ЕУ за компаниите од Западен Балкан.
 

 

-Сакаме да им овозможиме пристап до заедничкиот европски пазар. За ова ни требаат реформи во Западен Балкан и оние кои имаат волја за реформи ќе добијат средства од Европската Унија. Тоа е стимул за оние кои навистина сакаат да одат напред. Нашите врати се отворени“, рече претседателката на Европската комисија.

Холандскиот премиер Марк Руте при пристигнувањето на самитот, на прашањето за тензиите на северот на Косово, рече дека тие мора да се намалат и дека разговарал со српскиот претседател Александар Вучиќ на Самитот на Европската политичка заедница во Гранада и дека тој се надева дека ќе разговара денеска со премиерите на Србија и Косово и дека тензиите ќе се намалат.

Премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски рече дека очекува дискусија за енергетската независност на регионот и финансиските средства за тоа, како и постигнување договори за признавање на дипломите на фармацевтите и медицинските сестри.

АКТУЕЛНО