Белгиските 16 – годишници се среќни што ќе гласаат на изборите за Европски парламент

Младите во Белгија на 16 или 17 години ќе треба да гласаат на изборите за Европскиот парламент на 9 јуни. Уставниот суд на Белгија одлучи дека тие треба да бидат третирани на ист начин како и сите други – полнолетни – гласачи.

Пред повеќе од две години, Белгија одлучи да го продолжи правото на глас за Европскиот парламент и да им дозволи на младите од 16 години да гласаат. Досега обврската за глас важеше од 18 години.

Минатата година Уставниот суд пресуди против одредбата во законот со која се бараше 270.000 16- и 17-годишници во Белгија прво да се пријават за да можат да гласаат. Според Судот, тој услов за регистрација бил неоправдан.

Сега, Судот ја суспендираше одредбата во законот со која гласањето е задолжително само за возрасните, а не за и за 16 и 17-годишници.

Одлуката значи дека гласањето ќе биде задолжително за гласачите на возраст од 16 и 17 години. Тоа значи и дека тие можат да бидат санкционирани доколку не излезат.

Со какви санкции ќе се соочат малолетниците, министрите се уште не знаат.

Возрасните кои нема да се појават на гласачкото место првично ризикуваат парична казна, но оние кои нема да се појават четири пати во период од 15 години може да ги загубат своите граѓански права, а со тоа и правото на глас.

Во пракса, оние што не гласаат обично не се гонат, поради недостаток на работна сила во јавните обвинителства.

Лоре Слеккс од Фламанското здружение на ученици вели дека ситуацијата не е идеална. „Ова ќе треба да им се објасни на стотици илјади ученици по трет пат. Не е идеално, толку блиску до изборите. Секако не затоа што овие избори се совпаѓаат со испитите.

Сепак, здружението е среќно што на 16 и 17-годишниците им е дозволено да гласаат за Европскиот парламент.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави