,,Тигрите” ќе го пречекаат Љупчо Палевски-Палчо на аеродром

Откако и официјлно стигна допис од Турција, дека е одобрена екстрадицијата на Љупчо Палевски-Палчо, деновиве се очекува тој да биде вратен во Македонија.

Сега останува само да се организираат деталите околу безбедносниот протокол и да се утврди денот.

-Секторот за меѓународна полициска соработка при МВР е известен дека се завршени потребните процедури во врска со овој случај и во координација со турската полиција се превземаат мерки за организација на преземањето на лицето и негова екстрадиција во Република Северна Македонија, велат од МВР.

Водејќи се од досегашната пракса за други екстрадиции, според извори на ,,Фокус”, Палевски, најверојатно, во присуство на турската полиција ќе биде спроведен до аеродромот, поточно до авионот со кој ќе патува, а таму ќе го пречекаат припадници на македонската безбедносна служба. Тие ќе бидат задолжени за него додека лета, а потоа штом авионот ќе слета на македонско тло, како засилување ќе го пречекаат припадници од специјалната единица ,,Тигри”.

Од таму, под силно полициско обезбедување, веднаш ќе биде транспортиран во истражниот затвор ,,Скопје”, бидејќи му е одредена мерка притвор.

Палевски е еден од осомничените за убиството на 14-годишната Вања Ѓорчевска и на 74-годишниот Панче Жежовски.

Барањето за екстрадиција доаѓа по неговото апсење на 5 декември во Турција, откако ден претходно беше распишана меѓународна потерница по него како осомничен за две кривични дела – „грабнување“ и две убиства на свиреп начин.

Извор Фокус

АКТУЕЛНО

Поврзани објави