Граѓаните на Атина се шокираа од денешната глетка. Градот буквално беше обвиен во портокалова магла, а на социјалните мрежи се објавуваа фотографии од неверојатниот феномен кој е последица на африканска прашина.
Градот беше парализиран, луѓето не гледале ништо пред себе, а експертите во Грција предупредија дека африканската прашина е токсична и штетна по здравјето на луѓето.
„Африканска прашина, не е филтер! Блејд Ранер во Атина! Вака би изгледала Атина на Марс“, пишуваше во објавата на Фејсбук.