Фото Градска

Германската ВТЕ заедно со „Жикол“ ќе ја градат пречистителната во Скопје?

ВТЕ од Есен е германската компанија која го добила тендерот за изградба на пречистителната станица за Скопје во вредност од 200 милиони евра, дознава Телма.

Јавноста дозна дека е потпишан договорот за изградба на пречистителната станица за отпадни води во Скопје за проектот вреден 200 милиони евра, од кои 136 милиони евра се кредит од Европската инвестициска банка, а 70 милиони евра се неповратен грант од Европската унија, но не беше познато името на фирмата изведувач.

Недостапни за јавноста беa и градоначалничката на Скопје, Данела Арсовска, и директорот на ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, во чие седиште е депониран договорот потпишан во тајност пред два дена.

Покрај германската ВТЕ, како подизведувач пречистителната станица ќе ја гради и струмички „Жикол“. Изградбата на станицата ќе биде кај Трубарево. ВТА дала многу поквалитетна понуда со подобра банкарска гаранција од турскиот конкурент.

ВТЕ е еден од водечките германски провајдери за управување со општински и индустриски води. Таа работи повеќе од 30 години во 18 земји и е позната по своето знаење за отстранување на отпадни води, снабдување со вода и третман на тиња од отпадни води.

Компанијата има филијали во Полска и Литванија, а во регионот како познат реализиран проект ја има пречистителната станица во Будва изградена во 2014.

 

АКТУЕЛНО