Фото/министерот Азир Алиу

И овој 1 мај државните административци ги затекна со најниски плати во регионот, Министерот Алиу потврдува дека ќе има покачување

Платата на административците кај нас во споредба со соседните земји е на дното на листата, вели за Градска.мк, министерот за информатичко општество и администрација Азир Алиу.

Според него, Владата работи на систем да продолжи со постепено зголемување на платите на државните службеници, но во рамките на можностите што ги има државата.

Фото/Управа за водење на матичните книги

„Сите знаеме дека платите на државната администрација кај нас во однос на земјите од регионот се на листата на најниски плати, затоа ние како Влада размислуваме и работиме да создадеме екосистем овие плати да се подобрат и зголемат, но од друга страна, не во насока на диспропорција на можностите што ги има државата, затоа се трудиме да ја оптимизираме јавната администрација во однос на бројот на институции во согласност со препораките на Европската Унија“ – рече министерот Алиу.

Ако се коригира дисбалансот на платите на административците, за истото работење во различни државни институции еден државен службеник зема повисока плата, друг помал, рече министерот Алиу.

„Имаме работна група која во моментов прави модел за плати, верувам дека до крајот на годината ќе го балансираме овој дисбаланс на платите на државните службеници што постои во нашата држава.

Целта на Министерството е да создаде јавна администрација во служба на граѓаните, инфраструктурата, ИТ и медиумите

Државната администрација на РСМ има 129.374 вработени во 1.354 институции, од кои 60 отсто од институциите се на локално ниво и 40 отсто на централно ниво.

Бројот на вработени во државната управа за разлика од лани е помал за 2.714 лица, а тоа е благодарение на политиките на државата да ангажира онолку луѓе колку што им требаат на институциите.

Од друга страна, имаме зголемување на институциите за осум, а тоа е благодарение на процесот на мобилност, бидејќи во овие нови институции се префрлени вработени од други институции кои беа вишок.

Што се однесува до административците кои земале плата, а не биле ангажирани во државните институции, министерот Алиу рече дека голем дел од нив се систематизирани, а останал мал дел.

Н.Ш

АКТУЕЛНО