Фото/Градска Редакција

До 11.000 денари пораснала платата на наставниците во основното образование за година и пол

Петнаесет отсто или од четири до над шест илјади денари е покачена платата на наставникот во основно образование, споредбено со септемвриската плата од 2022 и последната плата од ова година. Зависно од стажот на просветниот работник и платата варира кај секого различно.

Ако просветен работник со нај многу стаж или пред пензија во октомври земал 34,270 денар ефективна плата, последната септемвриска плата ја земал 40,618 денари. Ова според наставник кој е пред пензија е доволно но не и солидно. Наставничка за Градска редакција вели дека  покачувањето е доволно но би можело и подобро.

„Со првата плата како наставник во основно училиште за ученици од прво до четврто одделение купив златен накит алка,  да ми биде како спомен од првата плата.  И ако никогаш не биле проблем финансиите сега со ова плата која со стаж со се достигнува над 40 илјади денари, е доволна но и не е, не е солидна треба уште, имаме многу обврски кои се обврзавме да ги правиме со децата а средствата ги обезбедуваме ние, дури некои наставници барат и пари од родителите за извршување на проектите„ рече наставничка за градска.мк која има над 35 години работен стаж.

Наставничката  додава дека покачување имаше и пред неколку години, кога исто како сега имаше организирано штрајк.

„Ова е покачување следуваше од две годишното барање за покачување на платите на просветните работници. Покачување имаше и пред некое време кога исто беше организирано штрајк„

Дали некогаш земале К-15 или регрес на годишен одмор просветните работници?

„Не памтам некогаш да сме земале К-15 или регрес на годишен одмор, ова е првпат и добро е што почна. Порано сме земале прехранбени производи  од синдикатот но не од институциите„

На почетокот на учебната година Министерот за Образование Јетон Шаќирир рече дека мотивацијата на наставниот кадар е меѓу еден од приоритетите на Министерството за образование и наука.

„Нивниот личен приход во 2022 и 2023 година го зголемивме 18,4 проценти и оваа политика ќе продолжи. Најавувам дека како резултат на дискусиите со репрезентативниот синдикат набргу ќе имаме ново зголемување на платите и тоа што се добива со општиот колективен договор, но исто така и усогласување со минималната плата. Во период од една година сите етапни покачувања на платите на наставниците овозможуваат пораст на нивниот личен приход над 35 проценти“, рече Шаќири.

Н.Ш

 

АКТУЕЛНО