Инспекторите на Центар отстранија застаклен објект поставен без дозвола

Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти. Како што информираат од Центар станува збор за објект на улицата Железничка.

Градоначалникот Горан Герасимовски вели дека законските прописи мора да ги почитува секој во општината.

Сите диво поставени објекти, доградби тераси, платформи без одобрение ќе бидат отстранети. Апелирам до граѓаните да не си ги трошат парите на инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка. Денеска се отстранува овој објект кој е со димензии 3.80 x 2.20 метри, но и други нелегално изградени објекти како дрвена платформа и челична настрешница на улица Црвена Вода бр. 4 близу „Броз кафе“, метална врата на улицата Мајаковскиво Дебар Маало која беше поставена на државно земјиште, истакна Герасимовски.

За утре тој најави дека инспекциските служби ќе извршат отстранување помошен објект – гаража на улица Кеј 13 Ноември, како и доградба на тераса и метална врата на улица Дебарца.

Од Центар тврдат дека општинските инспекциски служби ќе продолжат со спроведување на зачестени инспекциски контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните.

 

АКТУЕЛНО

Поврзани објави