Лекарската комора со остра осуда, бара веднаш да се расветли убиството на лекарот

Итно решавање на случајот со убиениот 67 годишен лекар од поликлиниката Железара, бараат од Лекарската комора, Здружението на матични лекари и приватните специјализанти.

Шокирани од смртта на нивниот колега кој важел за одличен доктор и колега во целата негова кариера.

-Истакнуваме јавно барање надлежните институции итно да постапат за овој случај и да ги преземат сите неопходни мерки за да ги утврдат околностите во кои се случил настанот и соодветно на тоа да го пронајдат сторителот и да го санкционираат. Загубата на човечки живот секогаш е тешка, но трагедијата е многу поголема кога тоа е направано на насилен начин. Загубата на доктор е и загуба за целиот здравствен систем, бараат од Лекарската комора.

ADVERTISING

Од Здружението на матични лекари и Здружение на приватните специјализанти од понеделник ќе имаат неколку часовен протест со барање за поголема безбедност на докторите.

„Во знак на протест во понеделник од 12 до 16 часот нема да работиме. Мора да се воведе поголема заштита на докторите на нивните работни места“, вели Лилија Чолаковска Дервишова претседател на Здружение на матични лекари.

„Ние ќе дадеме поддршка на нашите колеги матичните доктори и навистина апелираме воведување на поголема сигурност на работните места на докторите“, рече Бојан Трајковски од здружението на приватни специјализанти.

Психолозите велат дека навистина станува збор за еден чин кој предизвикува страв и несигурност. Сепак сите треба сите да се воздржат од коментари и говор на потикнување на страв и паника на социјалните мрежи.

Според статистиката на Лекарската комора во 2022 година имало 17 кривични пријави за напад врз доктори.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави