Избрана најдобрата дестинација: Град кој многумина сонуваат да го посетат

Во најновиот извештај на компанијата за истражување на пазарот „Еуромонитор“ (Euromonitor), Европа победува кога станува збор за туризмот и туристичките дестинации во 2024 година.

„Еуромонитор“ објави извештај кој дава листа на 100 најдобри градови или дестинации за одмор во град. Тие го споредуваат туризмот, одржливоста и економската успешност во метрополите низ светот. Според нивното истражување, Париз е најдобрата градска дестинација во светот.

 

 

Фото: Tommie Hansen / Flickr

Градовите се рангирани според шест клучни категории за да се добие севкупна оценка за привлечност. Категориите вклучуваат економски и деловен успех, туристички успех, туристичка инфраструктура, туристичка политика и привлечност, здравје, безбедност и одржливост.

Бодовите се доделуваат за туристичка побарувачка, пристапност, употреба на паметна технологија и проекти за зачувување.

Меѓу првите десет се најдоа Мадрид, Амстердам, Берлин, Рим, Барселона и Лондон. Покрај европските градови, меѓу првите најдобри десет се и Дубаи, Токио и Њујорк.

Мадрид / Фото: Luis Rodriguez / Profundidad.net

Европските градови продолжуваат да доминираат меѓу 20-те најдобри, а Минхен е на 12-то место, по кој следи Милано во Италија. Даблин е на 15. место, Виена е на 18. место, а Лисабон во Португалија е на 20. место.

Минхен / Фото: Wikimedia Commons

Надвор од Европа, Сингапур се рангираше на 11-то место, Сеул на 14-то место, Осака на 16-то место, Хонгконг на 17-тото и Лос Анџелес на 19-тото место.

АКТУЕЛНО

Поврзани објави