Search
Search
ФОТО: МВР

Мајка и ќерка претепани во Петровец – соседот насилник е уапсен

Две жени, мајка и ќерка биле физички нападнати од комшијата во скопската населба Петровец. Се здобиле со видливи повреди на лицето и телото, а според пријавата до полицијата ги нападнал комшија кој како што велат ги малтретира со години, а вчера насилството ексалирало во брутален физички напад, пренесува А1он.

Жените тврдат дека комшијата ги удирал со клоци и тупаници по целото тело, а модринките на нивните лица се видливи. Настанот го пријавиле во полиција, но во полиција заминал и нивниот сосед и ги пријавил нив.

Министерството за внатрешни работи потврди дека е пријавено насилство врз М.З. (24) од Петровец, скопско. Полицијата веднаш презела мерки и активности од полициски службеници од СВР Скопје и насилникот е лишен од слобода.

-Веднаш по добиената пријава од М.З. дека на 27.04.2023 во дворот пред нејзиниот дом во Петровец била физички нападната од Е.Л. од Петровец, кој потоа ја нападнал и нејзината мајка З.З., преземени се соодветни мерки и активности. Е.Л. е лишен од слобода и во службен разговор во полициска станица го признал делото. Известен е јавен обвинител и против Е.Л. по документирање на случајот ќе биде поднесена кривична пријава за кривично дело насилство по чл.386 од КЗ, велат од МВР.

АКТУЕЛНО