Search
Search

Нина, „девојчето со крофните“ од Нови Сад, си ја доби сликата од нашиот дизајнер Кардула

Малата Нина Нинковиќ од Нови Сад, го трогна регионот откако на социјалните медиуми се прошири веста дека ова вредно девојче продава крофни за да собере пари за лекување на нејзиниот болен татко.
 
Нејзините сограѓани веднаш покажаа голем интерес, со желба да придонесат со своите донации.

 

Пожртвуваноста на малата Нина го трогна и македонскиот уметник, графички дизајнер и хуманист Зоран Кардула, кој пред неколку дена изработи постер со кој му оддава признание на „девојчето со крофните“ од Нови Сад.
 

„Морав да ѝ направам постер во знак на благодарност за љубовта и борбата да собере пари за лекувањето на нејзиниот татко“, напиша Кардула на Фејсбук со објавата на постерот со прекрасниот лик на Нина.

А, сега Нина си го доби постерот од Кардула.

„Нина си ја доби сликата, благодарност до Aleksandar Jovanović фотографот чија фотографија беше основа за овај постер, благодарност до Zoran Donevski Talični и Fondacija Tate Novosađani за целиот ангажман околу печатењето и организацијата и благодарност до сите кои помогнавте во напорот и желбата на малата Нина да собере пари за лекување на нејзиниот татко“, напиша Кардула на својот профил на Фејсбук, заблагодарувајќи им се на сите што помогнале.

 

 

 

АКТУЕЛНО