Општина Бутел објави видео на реката Серава кои се обврзаа да го уредуваат во целост речното корито на ова река. Од општината велат дека ова е едно од најголемите барања на граѓаните на Општина Бутел.
„Во изминатата година и половина работевме на изработка на основниот проект и финалниот изглед на речното корито. Во првата фаза ќе се уреди речното корито на река серава во должина од 1500 метри во населеното место Радишани. Паралелно ќе се пристапи и кон изградба на нова пешачка патека„ се вели во објавата на Општина Бутел.
Според нив во изминатиот период во овој дел е изграден и модерен спортски рекреативен центар Македонија со кој им се овозможи нов простор за спорт и рекреација на граѓаните од ова населено место.