Фото/Градска редакција

Ова година туршија само за дегустација

Ако порано туршијата се приготвувала за полесно и поевтино да се поминува зимата, денес тоа станува луксуз, земајќи ги предвид скапите цени на зеленчук на пазар. Ова го потврдуваат и граѓаните кои Градска редакција ги затекна во скопски Бит Пазар нај големиот трговски центар на мала продажба за зеленчук во земјата.

„Богами тешко ова година за зимница, цените се прескапи„ рече жена во години која разгледуваше низ пазарот.

„Порано имавме помали месечни примања, но имаше за секој по малце, во секоја куќа имаше зимница„ рече друга госпоѓа за Градска редакција.

„Излеговме само да видиме, гледаме дека некои производи се поскапи а некои имаат прифатливи цени, корнишони се прескапи 100 денари килограм а црвената пиперка не е многу скапа околу 45 денари но очекувам да се намалат цените„ рече друг граѓанин.

Градска редакција во Бит Пазар направи неколку фотографии на зеленчукот и според продавачите цените за килограм се: Црвена пиперка за ајвар 45 денари, цена на зелена пиперка 60 денари, везена пиперка 90 денари, корнишони 80, најевтини беа модриот патлиџан и тиквата. Цената на патлиџаните во зависност од видот се движеше од 40 до 70 денари.

Фото/Градска редакција – Бит Пазар

Фото/Градска редакција – Бит Пазар

Фото/Градска редакција – Бит Пазар
Фото/Градска редакција – Бит Пазар
Фото/Градска редакција – Бит Пазар
Фото/Градска редакција – Бит Пазар

Градска редакција се распраша и за цените на големо кои се продаваат на „Кванташки„ според информациите таму цените се пое евтини пример: Црвената пиперка која е од фолија и според продавачите има подобар квалитет е 47 денари, додека истата сорта на пиперка но која се одгледува на отворено и се смета како со помал квалитет е 30 денари, везена пиперка 70 денари, корнишони таму е 50 денари килограм, доматите 70 денари,  и зелката 23 денари по килограм.

Откупните цени пак кај земјоделците се уште пониски, што значи дека треба да се засили контролата кај препродавачите.

Н.Ш

АКТУЕЛНО